Судија во Хаг: Хаг ослободува по наредба под притисок ги ослободивме Готовина и Маркач


Данскиот судија во Хашкиот трибунал Фредерик Хархоф ги обвини своите колеги од Меѓународниот суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна СФРЈ дека неодамнешните ослободителни пресуди на високите хрватски и српските офицери и функционери ги донеле под политички притисок, а не во интерес на правдата, објави данскиот дневен весник “БТ”.

sudija hag harhofСудијата Хархоф во споменатото писмо ги анализира и критикува неодамнешните ослободителни пресуди за Хрватите Анте Готовина и Младен Маркач, како и за Србите Момчило Перишиќ, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, изразувајќи отворени сомнежи дека тие се донесени под политички притисок.

Тој директно го обвинува Американецот Теодор Мерон, дека вршел притисок врз судиите да донесат ослободителни пресуди, а причина за тоа според него е загриженоста на државите како САД и Израел дека широкото толкување на командата одговорност може да биде опасно и за нивниот воен врв. Меѓутоа, поради слуховите за упорниот притисок на тој американски претседавачки судија врз неговите колеги во предметите Готовина и Перишиќ, можете да помислите дека му било многу важно да постигне ослободителни пресуди, а особено дека имал среќа кога во последен момент успеал да го наговори постариот турски судија да го промени мислењето”, тврди Хархоф.

Ante-Gotovina-Mladen-Markač2Американскиот претседавачки судија во последен момент успеал да го наговори 77-годишниот турски судија Мехмет Ѓуенеј, кој во ноември минатата 2012 година гласаше Готовина и Маркач да бидат пуштени на слобода. Пресудата е донесена со три гласа “за” и два гласа “против” нивното ослободување. Би можеле да помислите дека воениот естаблишмент во водечките држави (како Соединетите држави и Израел) сметал дека судовите во практика премногу би се приближиле на одговорноста на воените команданти”, се вели во цитираното писмо.

Данскиот судија, исто така, го обвинува и американскиот претседател на Хашкиот трибунал Мерон дека вршел притисок и во предметот на Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, првиот човек на српската тајна служба и неговиот заменик, инаку блиски соработници на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ во војните во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Пресудите за нив се уште не се правомошни.

Дали Орие бил под притисок на американскиот претседавачки судија? Се чини дека е така!”, вели Хархоф. Тоа значи дека судот не само што направил важен чекор наназад од лекцијата дека воените команданти мораат да понесат одговорност за злосторствата на нивните подредени (освен доколку не се докаже дека за тоа ништо не знаеле), туку и дека теоријата за одговорноста врз основа на заеднички злосторнички потфат сега е сведена на придонес (на овој или на оној начин) на барање директна намера да се сторат злосторства (а не само прифаќањето на злосторството)”, појаснува данскиот судија, истакнувајќи дека директната намера “речиси е невозможно да се докаже”, пишува српскиот весник “Курир”.

“Повеќето случаи ќе завршат во иднина така што командантите ќе отшетаат слободни. Така и американските (и израелските) воени челници можат да здивнат”, заклучува поранешниот хашки судија Хархоф.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1