Вработен во босанското МНР: Сребреница беше местенка (Видео)


Партијата на дијаспората на БиХ вчера побара од босанското МНР без никакво одложување да го разреши од должност Гордан Милиниќ, вработен во министерството и поранешен амбасадор на БиХ во Москва поради неговиот настап во судницата на Хашкиот трибунал во текот на кој, бранејќи го Радован Kараџиќ, со омаловажување на жртвите го оспорувал геноцидот во Сребреница.

Burial-in-Srebrenica-of-5-001– Гордан Милиниќ е срам за Босна и Херцеговина зашто со инсинуациите и со лагите изречени при сведочењето длабоко го повреди интегритетот на жртвите од војната, но и нивните семејства. Kако таков не ја заслужува довербата на граѓаните што ги претставува и со оглед на важноста на функцијата што ја врши бараме негова итна смена – се вели во соопштението на партијата.

Гордан Милиниќ на судењето на Kараџиќ завчера изјави дека Сребреница е една голема местенка и подметнување зашто повеќето од неколкуте илјади муслимани во јули 1995 година загинале во борба при обидот да се пробијат низ шумата кон Тузла. Милиниќ вели дека биле стрелани само малкумина, односно неколку стотини муслимани и дека тоа го сториле „некои глупави Срби“.

– Јас и понатаму не верувам во тоа убивање. Тоа беше огромна муслиманска пропаганда – рекол Милиниќ, кој негирал и дека војската на Република Српска присилно протерала илјадници жени, деца и старци од Сребреница.

Дека не било се така чисто во Сребреница се говореше и во документарниот филм на странски новинар насловен како ,,издаден град,,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1