Откриена тајната за смртта на Јуриј Гагарин (Видео)


По повеќе од 40 години тајност, објавена е вистинската причина за смртта на советскиот космонаут Јуриј Гагарин, првиот човек во вселената, кој загина при пад на авион во 1968 година.

Jurij Gagarin_1371199227_670x0Рускиот космонаут Алексеј Леонов откри што се случувало на тој трагичен ден.

Леонов повеќе од 20 години се бори да добие дозвола да ги објави деталите за смртта на Гагарин во март 1968 година.

Тогашната државна комисија утврдила дека посадата на авионот во кој биле Гагарин и искусниот инструктор Владимир Серјогин, се обиделе да избегнат туѓо тело, па направиле маневар по кој удриле во земјата.

„Тој заклучок можеше да ги увери лаиците, но не и професионалците. Отсекогаш сакав барем неговото семејство да ја дознае вистината, затоа што се случило поинаку”, вели Леонов за Russia Today.

Според извештајот од кој е тргната ознаката за тајност, зад трагичниот настан стои човечки фактор, затоа што борбен авион SU-15 неовластено дошол многу близу до авионот на Гагарин.

Jurij-Gagarin-kao-pilot„Тој SU-15 довел до свртување на авионот на авионот на Гагарин, што го натерало леталото во длабока спирала при брзина од 750 километри на час”, вели Леонов, кој не го објави името на пилотот одговорен за смртта на космонаутот.

Тоа било услов да може јавно да зборува за овој случај, а единствено се знае дека тој пилот сега има повеќе од 80 години и е со нарушено здравје.

По смртта на Гагарин се појавиле многу теории на заговор, кои оделе од тоа дека неговиот авион се судрил со НЛО, до тоа дека извршил самоубиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1