Бајага сакал да шверцува свои ЦД-иња – му ги заплениле


На граничниот премин Хоргош, од пријател на Бајага се одземени 272 носачи на звук, кои музичарот сакал да им ги подари на своите фанови.

slika-bajaga-i-instruktori-ruza-vetrova-beograda-slike-3078-1-1Имено Бајага имал добра идеја во која го оневозможиле српските цариници. Славниот музичар, останал без 272 носачи на звук на кои биле сместени песните од последниот албум- „Далечина-Чад-Прашина“.

Истите се запленети на граничниот премин Хорхош на пат од Германија во Белград, поради сомневање дека се прекршени авторските права. Сето тоа би се избегнало доколку це-де-ата имале соодветни налепници.

Најмногу настрада пријателот на Бајага кој го возел автомобилот во кој биле носачите на звук и против него ќе следува кривична пријава.

И Бајага лично ја потврдил информацијата и додал дека и покрај тоа што навремено и законски носачите на звук биле пријавени сепак на границата биле запленети од страна на цариниците, и до прва ќе треба да се разрешува целиот случај.

Скај

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1