Тито имал средба со вонземјани?


Маршалот Јосип Броз Тито имал блиска с

Според нивните информации, приказната за средбата на Тито со „вонземјани“ се уште е на ниво на легенда, но хрватските научници веќе долго време собирале докази за тој случај и дека набрзо ќе можат да кажат дали таа приказна е веродостојна.

tito brajЛегендата оди вака: На 30 август 1969 година околу 20 часот на небото над аеродромот во Пула ненадејно појавило НЛО кое лебдело на височина од 300 метри. Мајорот ко е именуван само како Јанда издал наредба за општа тревога. Леталото не испуштало никаков звук, а неколку луѓе притрчале кон платформата очекувајќи да стапат во контакт со екипажот на леталото. Неколку секунди подоцна кон НЛО-то е истрелана ракта но проектилот само се распрснал при ударот.

Набрзо потоа НЛО-то се упатило кон Бриони и застанало на само 500 метри над Јосип Броз Тито. Маршалот не сакал да се повлече верувајќи дека станува збор за некој трик и дека не е во опасност, а пилотите во прв момент имале наредба да не пукаат за да не му се случи нешто на претседателот.

Пет минути подоцна, мајорот Јанда презел одговорност и дал наредба авионите да истрелаат предупредувачки ракети. Леталото веднаш заминало во правец на Италија. Но, по него тргнале и два авиони МИГ, што било фатално за нив. Авионите биле привлечени од леталото и исчезнале, а НЛО-то продолжило да се движи кон Италиј со брзина од 5 маха.
Тито бил бесен на одлуката на мајорот кој едвај спасил глава од воен суд.
Според друга легенда, НЛО се урнало во Југославија во 1966 година, а со вонземската технологија од леталото потоа располагал маршалот Тито.

Denesen

редба со неидентификуван летечки објект во 1969 година, пишува хрватски 24 сата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1