Почина легендарниот „Тони Сопрано“


Синоќа американската кабелска телевизија „HBO“ соопшти дека ѕвездата на популарната телевисика серија „Сопранови“, Џејмс Гандолфини, кој ја толкуваше улогата на Тони Сопрано, почина на 51-годишна возраст.

353387_52099gandolfini01apchriscarlsonf_fВо соопштението се посочува дека Гандолфини починал додека бил на одмор во Рим, најверојатно од срцев удар.

Гандолфини е роден на 18 септември 1961 година во градот Вествуд во американската сојузна држава Њу Џерси. По неколкуте помали улоги, светска слава стекна со ролјата на мафијашкиот бос Тони Спрано во серијата „Сопранови“, што се емитуваше на програмата на Ејч-Би-Оу од 1999 до 2007 година. За оваа улога Гандолфини доби „Златен глобус“ и три награди „Еми“.

Се до својата смрт Гандолфини беше дел од екипата на телевизиската серија „Криминална правда“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1