Уапсен и во притвор уредникот на Охрид скај – му се заканувал на градоначалникот


Осум дена притвор доби уредникот на порталот Охрид скај, Сашо Денесовски откако полицијата му поднесе кривична пријава за заплашување и загрозување на безбедноста на Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид.

lisiciДенесовски досега неколкупати упатувал закани и навредливи зборови кон градоначалникот. Минатата недела Денесовски преку друг вработен во општината барал да го запознае Бакрачески за да си ги побара парите за услуги што ги вршел во време на мандатот на претходниот градоначалник, Александар Петрески. И тука, во канцеларијата на овој вработен, Денесовски упатил закани и навредливи зборови до Бакрачески.

Пред три месеци уредникот на порталот Охрид скај доби кривична пријава за обид за физичка пресметка со директорот на комуналното претпријатие Сашо Алчев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1