Инспекции ги чешлаат дискотеките во парк – затворен клубот Шери


Во раните утрински часови, поточно во 02,00 часот, со координирана акција помеѓу полициската Единица за борба против криминалот (ЕБПК), УЈП, трудовата и пазарната инспекција, извршена е контрола во ноќниот клуб „Шери“, лоциран во Градски парк – Скопје.

Од страна на овластените лица од УЈП, изречена е мерка затворање на објектот во траење од 15 дена и за неиздавање фискални смети и други утврдени недостатоци, а изречена е и глоба во износ од 3.250 евра.

ujp1Поднесени се соодветни пријави од надлежните органи за непоседување лиценца за летна дискотека, вршење работи на обезбедување без лиценца, точење алкохол на малолетни лица и поднесени се други соодветни пријави.

Вршен е преглед, легитимирање и контрола на лицата што вршат работи на обезбедувањето на објектот, на лицата вработени во клубот и на присутните гости во клубот.

Со извршената контрола на лицата што вршат работи на обезбедување, соопшти денеска МВР, затекнати и легитимирани се четири лица од кои едно лице не поседувало никаков документ и ознаки за вршење работи на обезбедување, а две лица не поседувале документи за лична идентификација. Од присутните гости во клубот, затекнати како пијат алкохолни пијалоци и легитимирани се девет малолетни лица, кои за натамошно постапување и поднесување соодветни поднесоци се предадени на инспектори по малолетничка деликвенција.

При преземањето службени дејствија на легитимирање, лицето В.М. (29) од Скопје со туркање и упатување навредливи зборови ги попречувала полициските службеници да извршат легитимирање на лице, гостин во клубот, поради што против неа ќе биде поднесена прекршочна пријава. При извршено легитимирање и преглед над лицето С.К. (46) од Скопје, пронајдена е непозната прашкаста материја завиткана во банкнота во износ од 500 денари, поради што е приведен и предаден во Полициската станица во Кисела Вода.

При извршено легитимирање и преглед над лицето Ш.М. (36) од село Грчец, Скопје, во чантичката што ја носел со себе пронајдено е огнено оружје – пиштол марка „Глог“ со рамка со 17 куршуми, за што не поседувал никаков документ и е приведен и предаден во ПС Кисела Вода.

Преземени се мерки на алкотестирање, фотографирање и документирање на настантите и преземени се други потребни мерки и активности.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1