Обилни врнежи од дожд и град попладнево во Берово.
По високите температури – Нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветар прогнозираа и од Управата за хидрометеоролошки работи за попладневните часови. Температурите денеска ќе се движат до 38-от степен, но се очекува и разладување. Наместа ќе има поизразена нестабилност со невреме и пообилни поројни дождови, грмотевици па и појава на град особено во источниот и југоистичниот дел на земјава.
Истата временска состојба ќе продолжи во текот на неделава. Според УХМР се очекува малку попријатно време, променливо и облачно. Ќе има и сончеви периоди, но во попладневните часови локално ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотрајни поројни дождови, грмежи и со засилување на ветерот. Вредноста на УВ индексот ќе биде околу 7.
Foto – Plus info