Во најголемата висококатница во тетово, во станбениот блок 82, вчера избило пожар.
Тетовските пожарникари ги спасувале станарите откако пламените јазици ја зафатиле зградата, а дел од станарите се жалеле на затруеност со гасови и веднаш биле пренесени во болница.
Целосно изгореле пет подрумски простории, главниот електричен кабел и пластичните цевки од фекалната канализација во зградата.
Тетовската полиција под сомнение дека го предизвикале пожарот ги привела Ш.Х и А.Х. од Тетово, но потоа биле ослободени.