Пожар во највисоката зграда во Тетово – пожарникарите спасувале станари


Во најголемата висококатница во тетово, во станбениот блок 82, вчера избило пожар.

pozar rabotnicki2Тетовските пожарникари ги спасувале станарите откако пламените јазици ја зафатиле зградата, а дел од станарите се жалеле на  затруеност со гасови и веднаш биле пренесени во болница.

Целосно изгореле пет подрумски простории, главниот електричен кабел и пластичните цевки од фекалната канализација во зградата.

Тетовската полиција под сомнение дека го предизвикале пожарот ги привела  Ш.Х и А.Х. од Тетово, но потоа биле ослободени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1