Пржите со маслиново масло – голема грешка


Луѓето кои користат високо-квалитетнo маслиново масло за готвење не добиваат никакви здравствени придобивки бидејќи при пржење тоа ги губи сите свои својства кои се добри за нашето здравје.

olive oill2Маслиновото масло содржи повеќе антиоксиданси од другите масла и содржи компоненти кои помагаат во превенција од рак и други болести. Меѓутоа, кога маслото се загрева, се губи нивниот квалитет, тврдат истражувачите од Универзитетот во Порто во Португалија.

“Употребата на маслиновото масло во готвењето е во пораст, главно поради неговите позитивни здравствени ефекти, сепак, ако се користи за пржење, тоа ги губи своите позитивните аспекти”, велат истражувачите.

Така да кога пржите со маслиново масло на крајот му доаѓа исто како да сте пржеле со останантите масла. Доколку сепак и понатаму го користите маслиновото масло при готвењето истражувачите препорачуваат да се пржи на пониски температури или маслото да се додава постепено во текот на готвењето како би се избегнало негово претерано загревање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1