Мистерија – 16 деца од БиХ најдени во Брисел – сами се, не се знае како дошле таму


Белгиските власти се обидуваат да ја решат мистеријата на 16 деца државјани на БиХ, кои без родители и документи биле најдени во Брисел. Дали се работи за бегалци, потенцијални азиланти или е можна трговија со луѓе?

По откривањето на 16 деца, државјани на БиХ, белгиските власти се обидуваат да утврдат кои се родителите на овие деца и како тие без документи се нашле во еден стан во бриселската општина Андерлехт.

deteАмбасадорката на БиХ во Белгија, Бисера Турковиќ вели дека по повод овој случај, е во постојан контакт со истражните органи.

– За сега имаме податоци дека се работи за деца со презимиња Зекиќ и Хамидовиќ. Не знаеме од кои семејства се децата. Се работи за три семејства. Според наводите на татко на едно дете и тука се врши увид дали навистина се работи за негов родител или не, вели таа.

Амбасадорката Турковиќ објаснува дека од 16 најдени деца, две се постари од 18 години, додека 14 се помлади, а дека има и бебиња.

– Полицијата ги префрли децата помлади од 18 години, со оглед на лошата здравствена состојба, додека не се утврди чиви деца се тие, додава амнасадорката.

Белгиските медиуми јавуваат дека две деца се во лоша здравствена состојба и префрлени се во болница, а дека едно од нив има и шуга.

Кои се нивните родители и како се нашле во Брисел?

По овој повод се огласи и градоначалникот на општината Андерлехт, Ерик Томас кој вели дека полицијата се обидува да утврди кој е закупец на изнајмениот стан во кој се најдени децата, а по пријавата дека од прозорецот фрлале камења по улицата.

Полицијата истражува и кои се родителите. Постојат две или три мајки кои најверојатно биле таму. Некој се претставил како татко на неколку најдени деца, но тоа може да се покаже неточно, бидејќи се работи за лице кое има 20 години. Значи сето ова станува многу мистериозно.

Белгиските власти велат дека за сега немаат одговор на прашањето дали се работи за бегалци, потенцијални азиланти или во прашање е евентуална трговија со луѓе. Од амбасадата на БиХ во Брисел потврдуваат дека се работи за – државјани на БиХ без документи, а дека останатите детали сеуште не се потврдени.

DW – Берлин

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1