Јохан Тарчуловски меѓу коњаниците за Илинденскиот марш


Заврши изборот на учесниците во традиционалниот коњички марш по повод македонскиот национален празник- Илинден.

500konjaniciОваа година од вкупно 40 пријавени кандидати, селектирани се 25 коњаници кои ќе учествуваат на 35-от коњички марш, а меѓу коњаниците ќе биде и Јохан Тарчуловски.

На манифестацијата ќе се приклучат и коњаници од Свети Николе, Гостивар и Галичник.

„Илинденскиот марш 2013“ на кој ќе учествуваат коњаници од различна возраст, односно од 15 до 60 години, ќе стартува на 27-ми јули од општина Аеродром, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево.

Општина Аеродром традиционално е покровител на коњичкиот марш.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1