Само што почнаа падна системот – се одложија електронските рецепти за август


Системот „Национален систем за електронска евиденција во здравството“ односно електронските рецепти се одложуваат за на 1 август, поради проблемите и недостатоците со кои се соочија денес и граѓаните и лекарите и аптекарите.

recept„Денешниот ден ќе го сметаме како пилот фаза од која ќе се исцрпат сите проблеми коишто треба да ги решиме. Од утре работата ќе продолжи, како и до вчера, односно на тест основа, а повторно системот ќе се стави во продукција на 01. август, до кога сите недостатоци треба да бидат отстранети“ соопштуваат од Министерството за здравство.

Обичните хартиени здравствени рецепти беа заменети со електронски, или рецепти на кои покрај името на лекот постои и код под кој во аптека истите ќе бидат издавани. Но се појавија проблеми во системот, па некои лекови препишани на електронски рецепти не било можно да се подигнат од аптеките. Од министерството се извинија за непријатностите со кои денес се соочија пациентите.

Проблемите коишто беа детектирани најмногу се должат на неусогласеноста и неоптимизираноста на програмските пакети коишто ги користат лекарите од примарна здравствена заштита со софтверот на Министерството. Поради ова, денеска во 18 часот е свикан итен состанок со сите програмерски куќи со цел надминување на овие проблеми, соопштуваат од Министерството.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1