Хрватските производи поскапуваат во Македонија


Очекуваме најмалку 10- процентно зголемување на цените на хрватските производи во Македонија заради влезот на Хрватска во Европската унија. Ќе поскапат тутунските, млечните и земјоделските производи од Хрватска, но не и македонските на хрватскиот пазар, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини по денешната средба со хрватскиот амбасадор во Македонија Златко Крамариќ.

hrvatski-proizvodiПојасни дека цените на хрватските производи кои се увезуваат во Македонија и во сите поранешни југословенски републики ќе се зголемат бидејќи околу 40 проценти од производите кои се извезуваат од Хрватска во овој регион ќе бидат предмет на царина и на квота.

– Во индустрискиот сектор нема да има никакви промени затоа што со ЕУ веќе имаме целосна либерализација, а со Хрватска тоа го имавме постигнато и во рамките на ЦЕФТА договорот. Промени ќе има во земјоделскиот сектор, односно 30 проценти од вкупниот земјоделски извоз во Хрватска, ќе биде целосно либерализиран и нема да биде предмет на царина или на дополнителни квоти.

– Промени ќе има во делот на извозниците на вино затоа што се зголемува квотата од 6.700 тони на 8.100 тони, како и во делот на тутутнот и тутунските производи. Од денеска па во иднина нашите компании кои извезуваат тутун и тутунски производи во Хрватска нема да плаќаат царини, нема да има квоти и извозот ќе биде целосно слободен, нагласи Сарачини.

– Република Македонија ќе има бенефит од влезот на Хрватска во Европската унија, не само економски гледано туку и политички зашто добиваме вистински пријател кој станува земја челнка на ЕУ што добро ги познава нашите проблеми. Очекуваното 10-процентно зголемување на цените на хрватските производи во Македонија за нас е позитивен сигнал. Хрватските компании ќе се обидат да инвестираат во Македонија и да отворат фирми тука се со цел да ги искористат бенефициите што ги нуди ЦЕФТА договорот и да извезуваат во земјите од Западен Балкан и земјите членки на ЦЕФТА, посочи Сарачини.

Економски

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1