На македонската, украинската, српската, француската, англиската и германската страница на Википедиа нема промени во биографските податоци за големиот македонски книжевник Славко Јаневски. Затоа пак бугарската страница е ажурирана.
-Тринаесет години по неговата смрт официјално е утврдено дека Славко Јаневски бил агент на југословенските тајни служби, на кои им кажувал информации за свои колеги писатели и уметници, е новиот дел од бугарската страница на Википедиа за академик Јаневски.
Промената на http://bg.wikipedia.org е извршена во сабота во 17.20 часот кога е додадена информацијата за Јаневски по петочното откритие на македонската комисија за верификација на факти.
Бугарските администратори како да само да чекаа и најбргу ја објавија промената во општествениот статус на писателот на првиот македонски роман „Село зад седумте јасени“- академик Славко Јаневски. Промената е побрза дури и од македонските администратори на најголемата интернет енциклопедија.
Канал5










