Тринаесет лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу камион и приватен автобус бр. 22 што се случи вчера околу 15 часот се случила во скопско Ново Село.
Хоспитализирани се возачот и совозачот на камионот и седум патници од автобусот, од кои две деца, но сите се надвор од животна опасност. Во Ургентниот центар се примени петмина возрасни и двете деца, на возраст од 13 месеци и седум години.
Еден од примените во Ургентен е со тешка телесна повреда и е на Траумотолошкиот оддел. Останатите се со полесни повреди и по прегледите ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Во стабилна состојба се и пациентите примени во „8 Септември“ и во Хируршката клиника „Наум Охридски“.
Полицијата ќе ја соопшти причината и деталите за соообраќајката по завршување на увидот.