13 повредени во сообраќајката во скопско Ново Село – еве ја состојбата на повредените


Тринаесет лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу камион и приватен автобус бр. 22 што се случи вчера околу 15 часот се случила во скопско Ново Село.
avtobus1-500Хоспитализирани се возачот и совозачот на камионот и седум патници од автобусот, од кои две деца, но сите се надвор од животна опасност.  Во Ургентниот центар се примени петмина возрасни и двете деца, на возраст од  13 месеци и седум години.
Еден од примените во Ургентен е со тешка телесна повреда и е на Траумотолошкиот оддел. Останатите се со полесни повреди и  по прегледите ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Во стабилна состојба се и пациентите примени во „8 Септември“ и во Хируршката клиника „Наум Охридски“.
Полицијата ќе ја соопшти причината и деталите за соообраќајката по завршување на увидот.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1