Изладете го домот и без клима уред


Високите температури негативно влијаат на нашиот организам и го попречуваат неговото нормално функционирање.

На високи температури не можеме да спиеме, да јадеме, да ги извршуваме рутинските секојдневни активности. За да жештината во летните денови не ви создаде дополнителна анксиозност се применуваат неколку трикови, кои помагаат да се намали топлината во домот, ги пренесува Точка.ком.мк.

hot weatherВеруваме дека вашата одлука се сведува на вклучување на клима, но експертите предупредуваат дека клима уредите не треба да биде уклучена дневно повеќе од четири часа. Значи, пробајте ги овие неколку решенија. Може да на прв поглед, овие совети ќе ви бидат неефикасни, но верувајте дека многу помагаат.

Постелнината од креветот убаво здиплете ја и петнаесет минути пред спиење, внесете ја во фрижидер. Се разбира дека ќе ви биде попријатно да заспиете на разладена, отколку на топла постелнина.

Извадете ги теписите. Секако дека е полесно и попријатно да чекорите по ламинат, плочки, или паркет, отколку на дебел килим. Наместо тоа, користете потенки стази кои покриваат помалку од подот, а теписите поставете ги повторно на есен.

За летните денови се задолжителни завеси со потемни бои или ролетни. Уште првото утринско сонце почнува да прави топлина во собата. Затоа заштитете се со потемни завеси.

Важно правило е дека во летните денови не треба да се готви дома. За готвење употребете ја терасата ако ја имате, и мал летен шпорет што може да се носи внатре и надвор кога е потребно. Ако немате ваква опција, тогаш потрудете се да готвите во раните утрински часови за да го избегнете затоплување на домот, кога надвор ќе стане пожешко.

И светилките многу загреваат, затоа избегнувајте да ги палите кога не е потребно. Подобро е да изберете штедливи сијалици, кои се добри од две причини, трошат помалку и помалку ја греат просторијата.

Исто така, направете “промаја” па ќе ви биде посвежо во собата.

Претпоставуваме дека без клима не се може во лето ни во вашиот дом, но во времето кога е исклучена, користете ги овие совети.

Povekje na – Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1