Се онесвестила на ескалатор – и ја искубал цела коса (Видео)


876097-stepenice

32 годишна жена, се онесвестила на подвижни скалила во метрото во Бродвеј, Њујорк.

Жената боледувала од епилепсија и и се слошило и добила напад додека била на ескалаторот.

Паднала и скалилата и ја зафатиле косата, ја влечеле по што огромен прамен на коса и отпаднал.

Минувачи веднаш потрчале да и помогнат.

kosaЖената била однесена во болница и лекарите велат дека е во стабилна состојба, а Марк Вилорија, кој видел кога лекарите од брза помош ја префрлиле несреќната жена на носила и ја однеле во болница, вели дека „изгледала како да има болки“.

При паѓањето таа добила гребаници по лицето, рацете и нозете, а бидејќи скалилата продолжиле да ја влечат со себе, ѝ отпаднал огромен прамен коса, кој се заглавил меѓу скалилата.

Подвижните скалила на кои се случил несреќниот настан ќе останат затворени до петок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1