Мистериозната судбина на Александриската библиотека


Александриската библиотека била основана од Птоломеј I или од неговиот син, Птоломеј II, некаде во третиот век пред нашата ера. Главната цел на библиотеката веројатно било покажувањето на големото богатство на Египет. Сепак, библиотеката се претворила во нешто многу повеќе од тоа. 

20130620-misterioznata-sudbina-na-aleksandriskata-biblioteka-2Вработените во библиотеката биле зафатени со преведување записи од „варварските“ јазици на грчки. Колекцијата на библиотеката била огромна, но не се знае колку записи се наоѓале во местото. Проценката е некаде помеѓу 40.000 и 600.000.

Делумно поради оваа библиотека Александрија станала седиште на образованието и знаењето. Најпаметните и најучените луѓе од целиот хеленистички свет истражувале, откривале и учеле од оваа библиотека. Библиотеката претставувала мешавина од култури и умови и таа е местото кадешто се претставени некои од најголемите идеи во медицината, астрономијата, математиката и граматиката.

За жал, сите добри нешта доаѓаат до својот крај. Што е она што навистина ѝ се случило на библиотеката не може да биде докажано. Сепак, постојат повеќе претпоставки за нејзината трагична судбина. Најпопуларното мислење помеѓу јавноста е дека причината за нејзиното уништување бил огромен пожар. Но, ова веројатно не е точно. Она што навистина се случило веројатно е поврзано со повеќе последователни настани кои полека воделе до „исчезнување“ на библиотеката.

20130620-misterioznata-sudbina-na-aleksandriskata-biblioteka-1 (1)

Додека има повеќе докази за уништување на библиотеката, нема доказ за „голем оган“ кој го уништил местото. Со крајот на библиотеката најчесто се поврзуваат три имиња: Јулиј Цезар, Теофил од Александрија и Калиф Омар од Дамаск.

Постои легенда која вели дека Теофил, патријарх од Александрија, во 391 година започнал да ги уништува паганските места во името на христијанството. Класичните „пагански“ записи кои се наоѓале во библиотеката можеби биле мета на Теофил. Но, доколку тој уништил библиотека во Александрија, тоа веројатно била онаа помалата која била изградена од Птоломеј III, која имала помалку записи.

Приказната за Калиф Омар е речиси сигурно измислена. Во 645, Омар го освоил Египет и ги изгорел книгите во библиотеката бидејќи не одговарале со учењата на Куранот. Многу историчари сметаат дека оваа приказна била измислена во 12-от век.

20130620-misterioznata-sudbina-na-aleksandriskata-biblioteka-3

Причината за „големиот пожар“ веројатно потекнува од акциите на Цезар за време на војната со Александрија. Тој навистина предизвикал пожари во градот и на морнарицата, но никаде не е запишано прецизно дали огнот се проширил на библиотеката. Сенека напишал дека 40.000 книги биле уништени во огнот предизвикан од Цезар, но доколку ова е точно, веројатно би било само дел од книгите во библиотеката. Подоцнежни писатели споменуваат музеј кој бил дел од библиотеката. Ова и други докази покажуваат дека библиотеката сепак преживеала, или барем еден дел од неа.

Историчарите не знаат што се случувало подоцна, односно што го предизвикало конечното уништување на Александриската библиотека. Сите мислења во врска со ова се само претпоставки за кои не постои никаков доказ.

Која и да била причината за уништувањето на литературата, губењето на знаењето кое се наоѓало во библиотеката е доволно тажно. Во близина на местото кадешто се наоѓала оригиналната библиотека сега се наоѓа друга библиотека која се обидува да го оживее духот на онаа античката.

„Библиотека Александрина“ содржи секаков вид литература, од антички текстови, до научни истражувања, до компјутерски системи. Земји од целиот свет праќаат книги за да се обидат да ја изградат одново старата Александриска библиотека. Оваа градба, за секој случај, е отпорна на пожари.

Izvor – Fakulteti.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1