Се докажа дека лошите спомени можат во буквална смисла да се измијат со вода. Едно неодамна спроведено истражување покажа дека миењето на главата, плакнењето на лицето и дури само миењето на рацете, помага да се избавиме од негативни емоции.
Миењето на рацете, туширањето и дури само мислата за тоа, може да помогне на човек да се ослободи од негативните емоции, лошите чуства, како и да го елиминира сомнежот во правилноста на својот избор – вели експертот Скајп Лиј од универзитетот во Мичиган. „Физичкото отстранување на нечистотијата создава претпоставка за отстранување и на менталната нечистотија.“ вели тој.
Интересно е да нагласиме дека во многу древни ритуали водата била употребувана како катализатор и дури современите психолози сметаат и препорачуваат миење на лицето неколку пати во текот на денот, особено после преживување на нешто непријатно.
Boza.mk