Опозициската ДПА во септември ќе стане дел од владејчката коалиција, јавува порталот на албански јазик, Алмакос повикувајќи се на неименувани сигурни извори, пренесува Прес24.
Според информациите, разликите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ биле непремостливи а на промена на владиниот партнер, инсистирал и меѓународниот фактор, поради, како што пишува Алмакос, бројните корупциски афери на интегративците и “да не се руши правилното функционирање на демократијата“
Во моментов, Демократската Унија за Интеграција има 15 пратеници во Собранието на Република Македонија, а ДПА 8.ВМРО-ДПМНЕ со 56 пратеници може да состави владејачко мнозинство со било кој од албанските политчки партии.
За информациите се уште нема официјален став од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ