Одбивањето на интервју секогаш е разочарувачко, но комапниите некогаш поставуваат прашања поради кои може да не ја добиете работата – а овие прашања се нелегални.
Компаниите не смеат да ги дискриминираат вработените според вера, пол, не смеат да бараат да сте немажени, без деца итн.
Во прилог следуваат единаесет прашања за кои можеби не сте знаеле дека се нелегални, а доста често се поставувани од компаниите за време на интервју. Ако ви се случи да ви биде поставено некое од овие 11 прашања едноставно одбијте да одговорите, не лажете во никој случај. Секако компанијата ќе ве одбие на интервју поради тоа, но токму со тоа го прекршува законот и ќе може веднаш да ја тужите.
Нелегалните прашања:
1. Дали некогаш сте биле уапсен?
2. Дали сте во брак?
3. Која е вашата религија?
4. Дали имате деца?
5. Од која држава сте?
6. Дали англискиот е вашиот мајчин јазик?
7. Дали можеби имате некои долгови?
8. Дали пиете алкохол во друштво?
9. Кога последен пат имате користено нелегални дроги?
10. Колку долго имаш работено?
11. Која е причината за вашето отпуштање од војска?