Tелекомуникацискатa кула на Водно во која ќе бидат сместени предавателите на македонските оператори и антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите ќе се гради во близина на врвот на Водно, на 500 метри источно од Милениумскиот крст. Овој футуристички објект ќе го гради градежната компанија „Гранит“.
Во рамките на овој објект ќе има и ротирачки ресторан од кој ќе се гледа панорама на Скопје. Кулата ќе биде висока 155 метри, а во неа ќе има и административни простории за Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и за Министерството за внатрешни работи (МВР). Гранит преку Македонската берза извести дека кулата ќе биде готова за 5 години и ќе чини 17,6 милиони евра. Кулата ќе биде повисока и од зградата на МТВ (70 метри) и од висококатниците на Џеваир Холдинг во Аеродром (135 метри).
фото: Плусинфо