Дечиња од градинката „Сончоглед“ во Гевгелија речиси половина година пиеле вода загадена со арсен, кој е еден од најсилните отрови, сѐ додека раководните лица во градинката не го дознале тоа, пишува Мкд.мк
Ова за МКД.МК го тврди Панде Кацарски, поранешен советник во општината и човек што со години се бори да го реши овој голем проблем на гевгеличани.
„Ги имам резултатите од водата од градинката. Запрепастувачки се. Нивото на арсенот во јануари изнесувало фрапантни 17,4 мерни единици, а максимално дозволени се 10. Децата таа вода ја пиеле можеби повеќе од половина година. Со години се обидувам да го решам проблемот со арсенот, но никој ништо не презема“, вели Кацарски.
Проблемот е од 2006 година, а според последните наоди, кои се потврдени и со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство, водата е забранета и небезбедна за употреба.
Градските власти ветија дека работат на проблемот и дека бил изработен идеен проект за нови извори на безбедна вода од Серменинските води.
Според американската Агенција за заштита на околината, пак, арсенот предизвикува и рак на белите дробови, кожата, бубрезите, бабулето, црниот дроб и простатата.
Повеќе информации на МКД.МК