Им ветувала вработување во НАТО и големи бизниси со претставништвата на алијансата во регионот. МВР ја уапси „Генерал Мими“, 34 годишна жена од Скопје, која лажно претставувајќи се како шефица во базата Бондстил успеала да измами повеќе македонски државјани, пишува Прес24
Жртвите дури и ги праќала во Битцијани за да се облечат во одела и добро да изгледаат на бинзнис средбите, кои всушност никогаш не се случувале. Кога ќе ги земела парите, исчезнувала. Како што дознава Press24 од свои извори, приказната за „Генерал Мими“ стигнала дури до Брисел. На поплаките реагирал дури и Генреалниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен. Тој преку својот амбасадор Дирек Бренгелман, кој минатата недела беше во Македонија директно им кажал на македонските власти дека жена измамничка го злоупотребува името на алијансата. „Генреал Мими“ била веднаш уапсена.
Се уште не се знае колкумина точно се вплеткале во нејзината измамничка мрежа. Од МВР за Press24 ја потврдуваат информацијата.
читатели на кои Мими се обидела да им ја продаде приказната почнаа да ни раскажуваат детали. Според прес 24 во мрежата се вплеткал и познат скопски бизнисмен, човек кој се занимава и со политика а сопственик е и на една образовна установа.
„Приказната беше дека во Македонија треба да дојдат високи офицери на НАТО од Косово и дека ќе се преместат со цели семејства да живеат во Скопје како и дека нивните деца треба да се запишат тука на факултет. Ни рече дека ние ќе треба да ги возиме низ цело Скопје и низ цела Македонија, секаде каде што ќе има потреба. Исто така ни рече дека ќе треба да им набавуваме храна и се што им е потребно од Македонија. Ни рече да изнајмиме возила од една скопска фирма на наше име и ни вети плата од 1800 евра. На сите кои ги зедовме колите ни рече да одиме во бутик и добро да се облечеме“ – вели наш читател.
Според информациите, таа дури отишла и кај еден сопственик на факултет за да му ја продаде истата приказна и да ги запише децата на високите официри на НАТО. Нашиот читател нема информации, колку пари побарала од него за овој „бизнис“ и дали и ги исплатил, пренесува Прес 24