Жестоки реакции по пресудата на судот во градот Санфорд, Флорида, кој по обвинението за убиство на 17-годишниот Трејвон Мартин, за невин го прогласи 28-годишниот Џорџ Зимерман.
Трејвон Мартин, момче од афроамериканско потекло, на 26 февруари 2012-та година беше убиен во предградие на Орландо, откако во него по кратка кавга пукал Зимерман, кој во моментот бил на граѓанска стража.
Според снимениот полициски повик, Зимерман тврдел дека бил нападнат од Мартин, кој го соборил и започнал да го тепа, по што Зимерман го извлекол својот пиштол и пукал во него.
Зимерман потоа од обвинителството бил обвинет за убиство без умисла, а неговата одбрана се повика на законот за самоодбрана.
Случајот доби големо медиумско покривање, а според дел од американските медиуми, за време на судењето обвинителството лошо го подготвило предметот, а одбраната успеала да ги убеди поротниците дека Зимерман навистина делувал во самоодбрана.
Сето ова предизвика шок во американската јавност, а во моментов има протести во повеќе градови низ државата, кои засега поминуваат без инциденти.
Макфакс