– Ситуацијата е загрижувачка и мора да биде детално следена. Меѓутоа, се уште нема место за паника, укажува експертот за сексуално преносливи болести Ангелика Стари, претседател на Светскиот конгрес.
Имено, иако во јавноста се уште не е многу познато, класичните сексуално преносливи како сифилисот или гонорејата повторно се шират. Додека во 1993 година во Австрија беа регистрирано 124 заболени од сифилис, минатата година имаше 500 вакви случаи.
– Мора секогаш да се земе предвид дека бројот на заболени е далеку поголем, можеби петпати, бидејќи постои обврска на пријавување само ако пациентот одбива терапија, укажа Стари. Зголемување на заболените од сифилис има пред се кај хомосексуалците, поради недоволните превентивни мерки.
За споредба, во Германија бројот на ова заболување расте годишно за 22 отсто. Што се однесува до гонорејата, таа, како што истакна лекарката на Светската здравствена организација (СЗО) Мањула Лусти-Нарасимхан, претставува голем предизвик поради големиот број инфекции и се помалата можност за терапија, бидејќи предизвикувачите на заболувањето – гонококи, се повеќе се резистентни на антибиотици.
Стари укажа дека гонококите, бидејќи станале резистентни на пеницилин и други видови лекови, сега се се поотпорни и на, како што наведе, последното оружје кое стои на располагање – антибиотици од групата цефалоспорин.Исто така и кај ХИВ-позитивните пациенти забележан е пораст на нови инфекции од 487 нови инфекции во 2010 на 523 минатата година.
Експертите укажуваат дека причина за порастот на сексуално преносливи болести е недостигот на свеста кај населението и оти е потребно да се преземат превентивни мерки при сексуалните односи.
Во виенската палата Хофбург околу 1.500 експерти од повеќе од сто земји од светот разговараат за можностите за спречување на бројот на заболени од сексуално преносливи болести.