Продажбата на Кока- Кола ширум Европа опадна за четири проценти и тоа во последните три месеци, вклучувајќи го периодот до 30 јуни.
Во однос на истиот период лани приходот е помал за 1,5 милијарди долари. Од Кока-Кола се надеваат дека со новата акција „Сподели Кока-Кола“ во која на брендот додадоа 150 најпопулатни имиња, штампајќи ги на своите шишиња во 100 милиони пакувања и успеаа некако да ја надокнадат загубата. Тоа успеа во Австралија и Нов Зеланд кајде продажбата се зголеми за четири проценти. Мутар Кен, претседател и извршен директор на компанијата вели дека резултатите со новата кампања се под очекувањата но се надева дека се` ќе се подобри во наредниот период.
„Иако не сме задоволни со резултатите од тоа што го направивме, сепак имаме значаен удел во вкупниот пазар на безалкохолни и газирани пијалаци. И покрај тешките услови во овој квартал, посветени сме во унапредувањето на резултатите, па поради тоа искрено се надевам дека резултатите ќе бидат подобри во втората половина од оваа година“ изјавил Кент за marketingweek.co.uk