ФИФА и УЕФА загубија на суд: Не смеат да продаваат ексклузивни права за пренос на натпревари


Судот на Европската унија, во четвртокот, ги отфрли жалбите на ФИФА и УЕФА и потврди дека земјите членки имаат право да одредат кои натпревари во завршниците на светските и европските првенства се сметаат за натпревари од јавен интерес, со што се овозможува тие натпревари да не смеат да бидат продадени како ексклузивни, со што се гарантира дека тие преноси можат да се гледаат бесплатно.

fifa uefaБелгија и Велика Британија составиле листа на настани за кои сметаат дека имаат голема општествена важност. Белгија на таа листа ги ставила и сите натпреварите кои се играат на завршниците на светските и европските првенства, истото го сторила и Велика Британија.

Оваа листа била проследена до Европската комисија (ЕК), која оценила дека барањата на Белгија и Велика Британија се во согласност со европските закони. ФИФА и УЕФА ја обжалија одлуката на ЕК, со образложение дека натпреварите не се од општествена важност во тие земји. Судот ги отфрли приговорите, по то ФИФА и УЕФА ја обжалија неговата одлука во Судот на Европската унија во Луксембург.

„Судот во целост ги отфрла жалбите на ФИФА и УЕФА“, стои во соопштението на Судот на ЕУ.

Со продажбата на телевизиските права за натпреварите од светските и европски првенства, ФИФА и УЕФА остваруваат значителен дел од своите приходи.

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1