Старите Египќани веруваат дека една вена од овој прст води до срцето, додека пак сруги сметаат дека на прстот до малиот прст бурмата најмалку пречи.
Сепак една кинеска легенда нуди едно симпатично објаснување.
– Палците ги претставуваат родителите.
– Показалците ги претставуваат вашите браќа и сестри.
– Прстите во средина ве претставуваат вас.
– Малите прсти ги претставуваат децата.
Спојте ги рацете дланка на дланка, на начинот кој е прикажан на фотографијата.
Обидете се да ги раздвоите палците (родителите). Се раздвојуваат, бидејќи тие не би требало да живеат со вас вечно. Потоа повторно спојте ги.
Обидете се да ги раздвоите показалците (браќа и сестри). Се раздвојуваат бидејќи тие одат по својот животен пат. Потоа повторно спојте ги.
Обидете се да ги раздвоите малите прсти (децата). Се раздвојуваат бидејќи и децата растат и си одат. Потоа повторно спојте ги.
Конечно за крај, обидете се да ги раздвоите прстите до малите прсти (љубовните партнери) и ќе се изненадите. Ова е невозможно да се изведе. Двата прста се судбински врзани до последниот ден од животот и затоа венчалниот прстен се носи баш на тој прст.