Исчезнала пред 52 год – прогласена за мртва – а таа си живее во Канада (Видео)


Жена којашто била прогласена мртва откако исчезнала пред повеќе од половина век во западниот дел од Канада, полицијата ја пронајде во северниот дел од земјата, соопшти во саботата локалната полиција.

Луси Џонсон (77) последен пат видена во септември 1961 година во предградието на Ванкувер од свеоите соседи. Полицијата заради исчезнувањето го осомничила нејзиниот сопруг, кој го пријавил случајот дури четири години подоцна.

zena isceznata

Полицијата ја пребарала градината на семејството, но не пронашла никакви траги и случајот бил одложен, а сопругот Марвин починал кон крајот на 1990-те.

Канадската полиција во јуни 2013 година ги прегледувала старите предмети за исчезнати лица кога нејзината ќерка Линда решила да објави оглас за сеќавање на нејзината мајка Луси во еден локален весник.

Набргу сојузната полиција на Канада примила повик од другата нејзина ќерка, која објаснила дека нивната мајка живее две илјади километри посеверно, во областа Јукон. На истражителите не им е јасно што се случило со Луси Џонсон цели 52 години, но повеќе од јасно е дека ќе има што да објаснува на својата фамилија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1