Депилацијата за голем број жени е најболниот третман за разубавување.
Токму против овој идеал на убавина се побуни блогерката и новинарка Палома Гони.
Новинарката која е со потекло од Шпанија одлучила да стави крај на искривените друштвени норми кои и мажите и жените ги прифаќаат и ги сметаат за нормални, а станува збор за влакната на женското тело.
Статистиката покажува како голем број на мажи, но и жени сметаат дека жените не смеат да имаат влакна на телото и дека депилацијата е нивна обврска.
Палома одлучила да стави крај на овие идеали на убавина така што од својот живот потполно ја исклучила депилацијата и на својот блог под наслов „ Јас не се бричам“ објавила „природни“ фотографии.
Веста за „влакнестата“блогерка одекнала низ целиот свет, а обичната девојка стана главна тема на расправи во кои се вклучиле бројни земји низ светот.
Така Палома гостувала онлајн на американскиот портал „Хаферпост Лајв“ каде ги открила своите причини за оваа, за многумина драстична и необична одлука.
„Депилацијата е болна и ми одзема многу време и не ми е јасно зашто стана обврска на секоја жена. Својата одлука одлучив да биде јавна затоа што вистината е дека жените имаат влакна и отсекогаш имале. Ако жената не ги отсрани влакната веднаш се смета дека не се грижи за својата хигиена, не е секси и не е права жена додека пак кај мажите не е така“, изјавила младата новинарка.