Внимавајте на неочекуваните хотелски такси и трошоци


Внимавајте на неочекуваните хотелски такси и трошоци

Без разлика дали сте со тесен буџет или парите не ви се проблем, секогаш мора да внимавате на скриените трошоци, кои хотелите и одморалиштата не ги нагласуваат. Ваквите непланирани трошоци, можат да ви го уништат одморот.

Екстра трошоците во хотел, можат да се однесуваат на пешкири, дневни весници, теретана, пристап на интернет па и определен процент за собарката. најчесто овие работи се вклучени во цената за дневен престој, но можат да бидат и екстратошоци кои хотелот ги наплатува и да достигнат до 16% од сумата која сте ја платиле за престој.

Пријавувањето на новите гости во хотелите најчесто е од 12 до 14, а доколку се пријавите порано или одјавите покасно, тоа може да ви го наплатат.

Интернетот е посебно нешто на што треба да обрнете внимание. Повеќето хотели имаат безплатна wi-fi конекција, но има и такви кои ќе ви наплатат за секој мегабајт кој е симнат од вашата соба.

Најголемиот трошок е сепак откажувањето на резервација. Најчесто не се наплатува доколку откажете минимум една недела пред почетокот на истата. Доколку не го направите тоа на време, хотелите можат да ви наплатат од 50% до 100% од цената.

Извор – 365

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1