Глобална лага: Сонцето не предизвикува рак на кожата, за разлика од кремите за сончање


Американската академија на дерматолози одговори на најчестите дилеми во врска со користењето на средства за сончање, а Агенцијата за храна и лекови побарала да се забрани истакниување на пакувањата факторот поголем од 50.

Кој е најголем заштитен фактор?

Ако правилно ја употребувате кремата, факторот 50 ја нуди максималната потребна заштита. Кога на полиците од продавниците или аптеките ќе го видите факторот 80 или 100 во прашање е само маркетинг, вели Брус Кац, њујоршки дерматолог. Компаниите знаат дека поголемите бројки ги наведуваат потрошувачите на мислата дека ќе добијат поголема заштита, но тоа не е точно. Американската агенција за храна и лекови дури предложила да се забрани истакнување на фактор поголем од 50.

Правилно нанесување на кремата

Правилната употреба на кремите може да се изрази со формулата 30-20-2-1. Бројот 30 се однесува на минималниот заштитен фактор, 20 е бројот на минути колку што треба да поминат пред да излезете на сонце. Исклучок се кремите со титаниум диоксид или цинк оксид кои се активни веднаш. Два се однесува на бројот на часови колку што смеете да поминете без нанесување на нов слој, а единицата се однесува на количината, една единица или 28 грама да се нанесе на целото тело во слој кој го гарантира заштитниот фактор кој го пишува на кутијата.

Како кремата да не влезе во очи

За луѓето кои многу се потат, хемикалиите од средствата за сончање можат да ги надразнат очите. Во тој случај треба на патувањето да се бараат физички, а не хемиски блокатори на сончевите зраци. Наместо октокрилен и оксобензон би требало да барате креми со цинк оксид или титаниум диоксид. Иритација може да предизвика и парфемот кој се додава на препаратот.

Колку долго факторот обезбедува заштита во дневната крема за лице?

Доколку не се потите многу и не поминувате многу време надвор, заштитата би требало да трае два до четири часа. Спротивно, ако го поминете целиот ден на плажа или во градина, покрај редовната крема со заштите фактор потрабна е посебна, водоотпорна крема со поголема заштита за лицето.

Може ли исхраната да помогне против изгорениците?

Некои состојки, особено фитохемиските супстанци ја зголемуваат способноста на кожата да се одбрани од штетното делување на сонцето. Една студија покажала дека ликопенот, пигмент од црвеното овошје и зеленчук може да го спречи оштетувањето на кожата. Друга покажала дека луѓето кои орално земаат препарати со алфа и бета каротеноиди (ги има и во портокловото и жолтото овошје и зеленчук) помалку горат на сонце. Сепак, салатата не може да го замени средството за сончање.

Дали хемикалиите од кремите за сончање се штетни?

Мал број студии го покренаа сомнежот за апсолутната безбедност на препаратите кои се наоѓаат во некои препарати за сончање. Се покажало дека оксибензонот ја пореметува работата на хормоните во ќелиите на ракот, но кога е проучуван неговиот ефект немало значајни промени во хормонскиот статус. Ретинил палмитатот е доведен во врска со ракот на кожата кога бил нанесен во многу големи количини врз кожата на глувците. Не постои ниту една студија спроведена на кожата на човекот која покажала дека оваа состојка предизвикува рак, вели Стивен Ванг, директор на дерматолошката хирургија во една болница во Њу Џерси.

Дали сепак доволно ќе добиете витамин Д?

Кога сте нанеле од средството за сончање, сте го онеспособиле телото да произведува витамин Д, кој е заслужен за здравјето на коските и може да спречи некои видови на рак. Меѓутоа, дури и луѓето кои редовно ги користат овие средства никогаш не нанесуваат доволна количина во текот на целиот ден, па на тој начин не го попречуваат целосно производството на витамин Д. Дури и ако сте целите намачкани, веројатно е дека УВ зрак ќе продре. Ако многу се грижите поради тоа можете да земате витамин Д како додаток. Доволна е дневна доза од 600 единици.

Треба ли да ја заштите косата?

Сонцето може да ја промени бојата на косата, а препаратите со УВ филтери или антиоксиданси спречуваат бојата да избледи и да ја загуби еластичноста. Ако ја сакате вашата боја на коса, можете да ја сочувате со некои спрејови со заштитен фактор. Со тоа сепак нема да се заштите од рак, кој често се појавува на кожата на главата. Затоа е потребно да носите шешир, советуваат американските дерматолози.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1