Роди на 70 години – Се надева дека ќе дочека и внуци


Индијката Рајо Деви Лохан стана најстарата мајка во светот, бидејќи нејзината ќерка ја роди на седумдесет години. Таа се појави на насловните страни ширум светот, бидејќи остана бремена со контроверзно вештачко оплодување.

majkaКритичарите отворија оган врз неа, бидејќи освен што го ризикува својот живот, свесно ја осудува Навен да страда, бидејќи рано ќе остане без родители.После породувањето таа имала неколку внатрешни крварења, бидејќи нејзината матка пукнала на неколку места, а од јајниците и отстраниле циста со големина на портокал. Не закрепнала после операцијата и секојдневно пие лекови против болки.

Пет години подоцна, Рајо е посилна од било кога и има добра причина за да живее. Кревката мајка верува дека таа желба ќе ја држи во живот се додека нејзината ќерка не се омажи на 15 години.

„Не можам да си дозволам да умрам додека не ја омажам. Навен е единствената причина зошто живеам и покрај болеста. Таа е дар од Бога”, изјавила најстарата мајка во светот.

Рајо стапила во брак на 15 години за Бала кој имал 75 години, тие не биле во можност да станат родители. Бала дури се оженил и со помладата сестра на Рајо (60), но ниту таа не му роди наследник. Сега нејзината помлада сестра и помага околу ќерката.

После нејзината смрт за Навен ќе се грижат многу роднини.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1