Ноле им остави бакшиш од 1.000 евра на македонски готвачи


По седумдневниот одмор во Хрватска светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја посетил и Црна Гора каде заедно со Марк Стилитано, го посетиле ресторанот “Асторија” во Будва.

noleТаму работат седум Македонци од кои двајца се главни готвачи. Едниот е од Кочани, а другиот кумановец.

„Асторија“ важи за еден од најексклузивните ресторани во Будва кој го посетуваат најпознатите светски личности.

По прекрасната вечера која била приготвена на задоволство на Ѓоковиќ тој ги прашал од каде се готвачите, а откако го известиле дека се од Македонија на вкупната сметка која чинела 7.000 евра тој оставил 1.000 евра плус за готвачите кои ја спремиле вечерата.

Тој надополнил дека Македонија е прекрасна земја во која има многу да се види и дека по Америка планира да ја посети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1