Децата ни играат со играчки кои зборуваат на сите јазици освен на Македонски


Нашите маркети се преплавени од електронски буквари, табли, вовчиња на кои се снимени песни на туѓи јазици – на македонски нема ниту една таква играчка. Тигарот е тиг’р, мачката е котка, а коњот е кон, на мултимедијалните играчки за едукација за деца што се продаваат во маркетите низ земјава. На ниту една од нив снимените гласови, песнички, мелодии не се на македонски јазик, пишува Телеграф.мк

Речиси во ниту еден од домашните маркети не може да се најде играчка на македонски јазик (Фото: Телеграф.мк)

Играчките се наменети за деца од околу тригодишна возраст и се единствен избор за родителите што сакаат на тој начин да ги научат најмладите како се именуваат животните, цвеќињата или предметите.

Речиси во ниту еден од домашните маркети не може да се најде играчка на македонски јазик.

Играчките што „зборуваат“ неразбирливо најмногу ги има во „Џамбо“, најголем увозник за таква стока кај нас. Оттаму истакнуваат дека производите најчесто доаѓаат од Кина.

.

Детето е како сунѓер – восприема сè што ќе чуе

На новата појава во нашето општество реагираат и психолози. Според стручни толкувања, во ред е детето да учи билингвално, но еден од тие јазици да биде мајчиниот. Во случајот со постојните играчки, македонскиот јазик го нема.

(Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)

– Децата се како сунѓери – тие со неверојатна леснотија ги восприемаат нештата околу себе, вклучително и зборовите, односно јазиците. Раната изложеност на уште еден јазик прави понатаму секој нов јазик полесно да се учи. Но, во фазата на совладување на мајчиниот јазик, односно кога детето учи да зборува, изложеноста на играчки што „зборуваат“ на еден јазик, а тоа не е мајчиниот, туку јазик сроден на мајчиниот, може да доведе до погрешно учење на мајчиниот јазик – вели Јана Ѓорѓинска, психолог.

И покрај апелите од стручните лица, лингвистите, психолозите, во земјава секојдневно се увезуваат играчки на кои нема ниту збор од нашиот јазик.

Целата сторија на – http://www.telegraf.mk)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1