Што да направите кога имејлот ви е хакиран?


Според листата совети на ABC, погледнете на кои начини можете да ја преземете работата во свои раце доколку некогаш ви го хакираат имејлот.

internet1. Сменете ја лозинката

Доколку хакерите не ја смениле вашата лозинка, а вие сè уште можете да се логирате во својот мејл, направете го тоа веднаш и променете ја лозинката во нова и потешка комбинација. Притоа, избегнувајте ги имињата на членовите од семејството, миленчињата, датумот на раѓање и адресата.

2. Преземете ја повторно контролата над вашиот мејл

Доколу мејлот е блокиран, следете ги упатствата, сменете ја лозинката и безбедносните прашања. Бидете креативни со одговорите, бидејќи хакерот можеби претходно дознал сè за вас, отежнете му ја работата што повеќе.

3. Пријавете го проблемот

Програмерите на вашата имејл адреса и претходно се имаат сретнувано со слични работи така што можат детално да ви помогнат.

4. Известете ги пријателите

Веднаш извесетете ги луѓето со кои комуницирате преку електронска пошта и предупредете ги на сомнителните пораки што може да ги добијат во ваше име. И тие, исто така, треба да ја зголемат безбедноста на своите компјутери.

internet3335. Скенирајте го компјутерот со антивирусна програма

Немојте да мислите дека хакерите го прават ова од забава, тие имаат парична добивка од податоците што ги крадат, затоа треба да се обрне посебно внимание на вирусите „тројанци“, бидејќи токму со нив нaјлесно се доаѓа до лозинката и информациите.

6. Проверете ги сите лични поставки на мејлот

Уверете се дека хакерите не го вклучиле автоматското проследување на сите мејлови, но ако го направиле тоа, веднаш избришете ги сите.

7. Променете ги веднаш лозинките на сите останати страници и мрежи

Во случај да користите исти лозинки за повеќе компјутери, сменете ги веднаш. Повеќето од нас тоа го прават бидејќи е полесно да се запомни една лозинка, а тоа не е баш добра идеја.

haker8. Проверете ги сите имејл фолдери

Луѓето често испраќаат доверливи информации преку мејл, а потоа ги чуваат на својот компјутер. Ако е така веднаш сменете го корисничкото име и лозинките за сите онлјан мрежи и профили.

9. Потребно е да бидете чекор понапред

Ако хакерот можел лесно да дојде до вашите најважни податоци, како на пример, ЕМБГ или слично, многу е важно да ги следите сите активности и сомнителни промени. Лесно можете да го следите развојот на настаните доколку дојде до промени кои вие не сте ги направиле, а истото да го пријавите во службата за корисници.

Кајгана.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1