ЦИА шпионот влезе во Русија – Сноуден доби привремена дозвола за влез


Поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, кој веќе цел месец се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево, од руските емиграциони власти доби привремена дозвола за влез во Русија, пренесува руската телевизија РТ.

snouden ciaДокументот на Сноуден ќе му овозможи да ја напушти транзит зоната на Шереметјево, доколку нема приговори од руската гранична служба.

„Кога овој документ ќе дојде во негови раце, тој ќе биде ослободен од привремениот дом на аеродромот Шереметјево и конечно ќе може слободно да се движи низ Руската Федерација”, појасниле за РТ од московскиот аеродром.

Процедурата за добивањето или пак одбивањето на барањето на Сноуден за азил во Русија може да потрае до три месеци, а доколку му биде доделен привремен азил, тој може да остане во Русија до година дена.

Сноуден е баран од САД поради обелоденувањето на тајни податоци од Американската безбедносна агенција, поврзани со американската програма за надзор на електронските комуникации „Призма”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1