Војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон решија како ќе се вика нивниот син.
Фокс њус објавија дека кралското бебе ќе се вика Џорџ Александар Луис, а ќе биде познат како неговот Величество принцот Џорџ од Кембриџ.
Кејт Мидлтон синот го роди во понеделникот по природен пат по десет часа породилни болки. Детето е тешко 3,6 килограми. Принцот Вилијам, кој присуствувал на породувањето, на сопругата и синот им подарил плишано мече.