Најмалку 35 загинати, над 200 повредени – голема железничка несреќа во Шпанија


Најмалку 35 луѓе загинаа и 200 се повредени кога воз излета од шините кај градот Сантјаго де Компостела во северна Шпнаија,

spanija nesrekjaСпоред медиумите најверојатно композицијата не влегла со прилагодена брзина во остриот свиот. Сепак, локални жители и за весникот изјавиле дека во времето на несреќата слушнале експлозија.Се наведува дека сите вагони излетале од шините, а еден од нив бил целосно уништен, во време на несреќата во возото имало 240 патници.

Вагоните од композицијата лежат на страна додека од остатоцвите излегува чад, покажуваат фотографиите објавени на страницата на електронскиот весник Voz de Galicia.

„Одеше многу брзо… изгледа дема на кривината возот почна да налегнува, а вагоните почнаа да се удираат еден на друг”, изјави патникот Рикардо Монтесо за радиот Cadena Ser.

„Многу луѓе се пригмечени на дното. Настојувавме да се извлечеме од дното на вагонот з да излеземе и сфативме дека возот гори”, додал.

Друг сведок за радиото изјавил дека слушнал експлозија пред да го види излетаниот воз. Галициската телевизија и радиот известија дека загинаа 35 луѓе, наведувајќи ги зиајвите на сведоците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1