Гори Криволак – се запалил по вежбање на војската


 Точно е дека има пожар во полигонот Криволак предизвикан по изведување вежбовни активности, потврди портпаролот на ГШ на АРМ Мирче Ѓоргоски. Вежбовните активности  се изведувале на поголема надморска височина каде што имало и пошумен терен, јавува Курир

pozar55Војниците веднаш пристапиле кон гаснење на пожарот што се ширел од ветерот, побарана е помош од единицата од Штип, повикани се пожарникари од неготинската територијална единица, ангажирани се хелихоптери, а на барање на Генералштабот на АРМ Дирекцијата за заштита и спасување активира два од своите авиони.

Од Дирекцијата соопштија дека е во тек акцијата за гаснење на пожарот.

Командирот на неготинската противпожарна единица Иле Илиев изјави дека во околината на месноста „Караоџали” гореле сува трева и џбунести растенија.

– Испративме едно противпожарно возило и тројца пожарникари со оглед на тоа што останатиот дел од нашата противпожарна екипа е на локализирање на пожарот што избувна на железничката пруга на потегот од селото Црвени Брегови кон Стоби, рече Илиев.

Пожарот што попладнево избувнал на армискиот полигон Криволак, во месноста Караоџали, е локализиран, информираат од Генералштабот на АРМ.

Курир.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1