Турскиот адвокат и суфист Јомер Тугрул Инанчер ја шокира турската јавност со изјавата дадена за турската државна телевизија ТРТ 1, дека е неморално бремените жени со големи стомаци да се појавуваат на јавни места, посочува весникот „Хуриет дејли њуз“.
– Нападното покажување на бременоста е во спротивност со нашата култура, изјави адвокатот.
Тој истакна дека бремените жени не треба да се шетаат по улиците со толкави стомаци, првенствено затоа што тоа „не е природно“.
Според Инанчер, по седмиот или осмиот месец од бременоста идните мајки треба да бидат изведуваат надвор на чист воздух само навечер и тоа само од нивните сопрузи.
– Сега тие се појавуваат на телевизија. Тоа е срамно, тоа е нереално, тоа е неморално однесување, истакнал Инанчер.