Коњаниците денес тргнуваат од Лисиче до Крушево


Со свечено испраќање од дворот на општина Аеродром, во 17:00 часот, 25-те коњаници ќе го почнат 35-от традиционален коњичкиот марш по повод македонскиот национален празник – Илинден.

konjanica

Од општинскиот двор, преку булеварот „Јане Сандански“ коњаниците ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче од каде што потоа ќе тргнат кон славниот Мечкин камен во Крушево.

Пред поаѓањето, здружението „Илинденски марш 1978“ и општина Аеродром ќе организираат свечено испраќање на храбрите коњаници. Испраќањето ќе биде проследено со зурли и тапани, а ќе се вклучат и игроорците од КУД „Никола Ј. Вапцаров“. Учесниците во Илинденскиот марш традиционално ќе бидат придружувани и од фалангата составена од дваесетина членови.

По пристигнувањето на коњаниците во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе стартува свечена програма по повод испраќањето на комитите, а владика од Македонската православна црква ќе одржи богослужба, односно коњаниците ќе добијат благослов за својот поход кон славното Крушево.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1