Мистериозна жена со сини очи зад бурката – проститутка или саудиска принцеза? (Фото)


Девојката со ’жестоко’ сини очи е Сара Ал Амуди, наводна Саудиска принцеза која предизвика вистинска збрка во Лондон.

saudijska princezaЗа Сара Ал Амуди се пишува дека е наводна саудиска принцеза која има азил во Велика Британија. Вниманието на фоторепортерите го привлече со своите природни, продорно сини очи кои зрачат и се истакнуваат од под црниот вел и облека кои ги носи.

За атрактивната Саудијка се сомневаше дека само глуми оти има пари, а Daily Mail пишува дека таа е сиромашна проститутка од Етиопија која глуми дека е принцеза, за да добие недвижен имот во Лондон вреден 14 милиони фунти

Мистериозната принцеза, за која се смета дека е на возраст помеѓу 31 и 45 години, возврати на таквите обвинувања тврдејќи дека е толку богата што на секои неколку месеци троши по еден милион фунти само на парфеми.

„Имам проблем со шопингот, морам да одам на лекар поради тоа“, вели Сара која се појави на судот во Лондон прекриена со бурка од глава до пети, од која се гледаа само нејзините фантастично сини продорни очи. Она кое се крие зад нивното азурно синило и понатаму останува мистерија.

На судењето за имотот кои вреди 14 милиони фунти а за кој се сомнваат дека е стекнат со измами таа уште повеќе фрла мистерија врз нејзината приказна. На едно рочиште тврди дека не знае англиски, на друго зборува со чист англиски акцент. според некои документ кои го има таа во саудиска арабија била омажена на 13 години а потоа во 90 тепротерана поради неверство по што добила азил во Британија. Има и ќерка која ја родила во 200 која сега оди на училиште.

Таа за себе тврди дека е ќерка на Осама Бин Ладен, пријателка на Кејт Мос а дека поранешни дечковци и биле Колин Фарел и познати глумци.

Но нејзина пријателка тврди дека живеела со неа во 85 и дека таа не е религиозна и никогаш не носела бурка – како што сега се преставува на судењето – уште и изјавила дека Сара парите ги заработувала со простотиција и дека неа и должи огромна сума пари. Судиите освен што ќе имаат проблем да го утврдат нејзиниот идентитет ќе имаат проблем и да го утврдат потеклото на парите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1