Полицијата од Белград утринава околу 10 часот во изнајмен стан пронашла две мртви тела, а станува збор за сопружници кои биле пронајдени во кревет заедно. На увидот е утврдено дека телата се во фаза на распаѓање и дека не може да се открие причината за смртта.
Телата ги открила нивна пријателка која имала клуч а се загрижила кога брачниот пар долго не и се јавувал. Според информациите целиот стан бил облеан во крв а телата на брачниот пар биле на креветот.
Тие во станот живееле под кирија и соседите велат дека не ги познавале бидејќи биле вселени пред само 1 месец, а во тој стан често се менувале станарите.
Засега нема информации од полицијата што е причината за смрта, се претпоставува само дека е можно да се мртви повеќе од 3 дена.