Аронија – природен лек за циркулација, штитна жлезда, слабокрвност – полна е со витамини


Црноплодната аронија (Chokeberry) дошла во Европа од источниот дел на Северна Америка. Како храна и лек, аронијата прво почнале да ја употребуваат северноамериканските Индијанци. Тие ги користеле свежите плодови од аронијата како храна, а сушените плодови ги користеле во зима како храна и лек против желудечните и цревните тегоби и проливот. Освен зрелите плодови, Индијанците ги употребувале и листовите и кората од аронијата за припремање на чај кој бил лековит против пролив и запирање на крварењето од раните.

aronija2Во Европа, аронијата го привлекла вниманието, пред се, со својата убавина, бидејќи нејзините бели цветови се едни од најубавите Зрелите плодови на аронијата содржат големо количество на хранливи и лековити состојки. Содржат биофеноли, танин, флавонид, антоцијани, витамин А, Ц, П, Б9, Б6, Б2, Е, калциум, калај, железо, манган, јод, фосфор…

Плодовите на црната аронија се вистинска витаминска бомба, а птиците ги јадат уште кога тие имаат црвена боја. Можеби тоа е затоа што плодовите тогаш се повидливи отколку подоцна кога ќе поцрнат

Лековити својства на аронијата

Аронијата ја подобрува циркулацијата во организмот, а со тоа ја подобрува снабденоста со крв на виталните ткива и органи. Ја подобрува прокрвеноста на мозокот, па затоа помага при главоболка и мигрена. Аронијата ја прочистува крвта, го намалува крвниот притисок, нивото на шеќерот во крвта, помага при атеросклероза и воспаление на вените.

Аронијата ја подобрува функцијата на ендокрините жлезди и го регулира излачувањето на хормоните. Особено е добра за штитната жлезда, бидејќи ја подобрува нејзината функција и го регулира излачувањето на нејзините хормони, што помага при болестите на штитната жлезда и гушавоста (струма).

aronia-apfelbeere-hugin-aronia-melanocarpa-anthocy-anantioxidative-wirkung-4210_3Аронијата е добра и за органите за варење на храната. Ги намалува грчевите и болките во желудникот, го намалува воспалението на слузницата на желудникот, со што помага при лекување на чирот на желудникот и гастритисот. Ги смирува и грчевите и болките во цревата, го намалува воспалението на слузницата на цревата и го запира проливот.

Аронијата ја подобрува работата на црниот дроб и излачувањето на жолчата. Му помага на црниот дроб да ги неутрализира штетните материи. Таа е природен лек при воспаление и други заболувања на црниот дроб, при воспаление на жолчната кеса, жолчни каменчиња и жолтица.

Истражувањата на руските научници покажале дека ова овошје го подобрува излачувањето на тешките метали, како и некои радиоактивни елементи од организмот. Поради превентивното и лековитото дејство на зрелите плодови на аронијата, руските научници ја прогласиле аронијата за лековита билка.

Познато е дека по нуклеарната катастрофа во Чернобил, плодовите на аронијата биле користени за ублажување на здравствените тегоби на озрачените лица. Сокот и чајот од аронијата се многу лековити и окрепнувачки напитоци кои го зајакнуваат имунитетот и отпорноста на организмот према инфекциите. Поволно делува и при слабокрвност.

Laydy.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1